Сопственикот на една приватна фирма од Црна Гора се прослави на Балканот откако на своите работници им подари нови автомобили. По ова дело, тој повторно бил великодушен, па дел од вработените во неговата фирма ги пратил на крстарење. Економската криза која е причина плус за многу работодавачи да ги натоварат своите работници со што повеќе работа за што помалку пари, не била изговор за сопственикот на ланец продавници за спортска опрема, Радомир Новаковиќ.
Тој одлучил 14 вработени во неговите продавници да ги награди со 10 денвно крстарење на Медитеранот. Освен крстарењето тој им овозможил и да посетат неколку големи и успешни европски компании и да се запознаат со нивното работење.
Истиот газда, најпрво ја шокираше јавноста кога пред Нова година на неколку негови најдобри работници им подари нови автомобили.
– Овој пат немав толку пари, а сакав да израдувам и да наградам што повеќе вработени во мојата фирма, па затоа се решив на ова. Изборот ми го олесни и сопственикот на туристучката агенција кој едно патување додели бесплатно, изјавил Новаковиќ кој открил дека патувањето го испланирал порано, но го чувал во тајност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вкупно 958 вработени по рамковен ќе се распределат во МВР, УЈП, Јавно обвинителство
-
Шилегов им го укинал бесплатното паркирање на вработените во Град Скопје
-
Вработените во „Фени“ и без дрва и без плата: Синдикатот им наплатил, но не им доставил огревно дрво
-
Добрината на газда Радомир: Плати летување за вработените, им купи автомобили, а еве што е следно