Се сеќавате ли на газдата од Црна Гора,Радомир Новаковиќ, кој секогаш беше дарежлив кон работниците и со тоа ги доби симпатиите на сите во регионот? Познат по тоа дека често им купува автомобили, им плаќа крстарења и летувања, сега Црногорецот направи нешто поголемо со кое сите ги изненади, иако се мислеше дека ништо не може да изненади од него.
Тој е сопственик на најголемиот ланец маркети за спортска облека и опрема, а оние кои работат за него велат дека е голем и добар човек, кој секогаш помага, подарува и споделува.
Неговиот прекар е Брат, тој ги прати своите вработени на крстарење на Бахамите, секако бесплатно. На дел од работниците им купи и автомобили Голф, и тоа со осигурување!
Има и хуманитарни акции за кои не сака да зборува и да се фали. Минатата година стана претседател на општината, па сите плати кои ги заработил од таму ги дал во хуманитарни цели.
Се зборува и дека еден вработен кој собирал со години пари за Светско првенство во Бразил, го одвел токму Радомир.
Секоја чест! Тој е доказ дека сеуште постојат добри луѓе кои знаат да подадат рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вкупно 958 вработени по рамковен ќе се распределат во МВР, УЈП, Јавно обвинителство
-
Шилегов им го укинал бесплатното паркирање на вработените во Град Скопје
-
Вработените во „Фени“ и без дрва и без плата: Синдикатот им наплатил, но не им доставил огревно дрво
-
Цела Италија му се смее на новиот газда на Милан