Синот на мексиканскиот нарко бос Хоакин Гусман (Ел Чапо) , Хесус Гусман, кој во понеделникот беше грабнат во морското летувалиште Пуерто Валарта, во петокот вечерта бил ослободен, јави неговото семејство, а пренесоа француските медиуми. Ослободени се уште пет други лица, киднапирани заедно со Хесус од барот на ресторанот во рамки на квартот од градот, изјави член на семејството,кој посакал да остане анонимен. Преговаравме цело време и сега тие се слободни и добри, објасни тој.
Мексиканските судски власти не сакаа да ја потврдат информацијата за ослободувањето и само соопштија дека истрагата продолжува. Хесус Гусман (29), син на шефот на наркокартелот „Синалоа“ од неговиот прв брак, беше киднапиран од вооружени лица од соперничкиот картел „Халиско Нова генерација“, чие влијание во последните години расте. Киднапирањето ја исфрли на површина опасноста од војна меѓу двата наркокартела.
Мексиканските власти испратија поддршка во неколку држави во реонот, за да го спречат ваквиот развој на настаните. Ел Чапо се наоѓа во затвор во Сиудад Хуарес и очекува да биде екстрадиран во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија