Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа за крвавиот самоубиствен бомбашки напад на свадба која се случи во Газиантеп, изјави дека терористичката група “Исламска држава” најверојатно го извршила нападот за време прославата. Во писмена изјава тој истакна дека нема разлика помеѓу организацијата на проповедникот Фетхулла Ѓулен, обвинет за обидот за преврат од 15 јули, нелегалната Курдистанска работничка партија и Исламска држава, која е најверојатен сторител на нападот во Газиантеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.