| четврток, 6 декември 2018 |

Корумпиран полицаец фатен на дело (ВИДЕО)

Перуански полицаец фатен на дело додека примал мито, ја проголтал банкнотата за да го сокрие доказот за казненото дело додека колегите се обидувале да го спречат во тоа, пишуваат локалните медиуми.
Настанот се случил во полициска станица во Пируа, на северот на Перу. Полицаецот Хавиер Михаунца примил банкнота од 100 сола (околу 26 евра) од возач на запленет мотоцикл, кој немал документи. За тој износ на мотоциклистот требало да му биде вратено возилото и да не му биде напишана казна.
Но, полицаецот не знаел дека колегите од одделот за сузбивање на корипцијата и државен обвинител го снимаат додека ги зема парите.
Кога сфатил дека е фатен, полицаецот сакал да избега, но бидејќи бил дебел, колегите го стигнале. Тогаш се обидел да ја изеде банкнотата за го уништи доказот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top