| четврток, 6 декември 2018 |

Ибра продолжува да погодува, Јунајтед да победува (видео)

ibrahimovic-man-utd-southempton

Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од второто коло во Премиер лигата го совлада Саутемптон со 2-0, а Златан Ибрахимовиќ ги постигна своите трет и четврти гол сезонава.

Во 36. минута Вејн Руни упати одличен центаршут од десната страна, а највисок во скокот беше Ибрахимович кој рутински ја пласираше топката во мрежата за водство на „црвените ѓаволи“.

По само седум минути игра во второто полувреме, Ибра го постигна својот втор гол, овој пат од пенал.

Жорди Класи направи прекршок во казнениот простор, по што судијата покажа на белата точка. Швеѓанецот беше прецизен за конечни 2-0. Ибрахимовиќ го постигна третиот гол во Премиер лигата на својот втор натпревар.

 

Двојки за денес:

13:30 часот Стоук – Манчестер Сити

16:00 Барнли – Ливерпул

16:00 Свонси – Хал

16:00 Тотенхем – Кристал Палас

16:00 Вотфорд – Челзи

16:00 ВБА – Евертон

18:30 Лестер – Арсенал.

 

Утре играат:

14:30 Сандерленд – Мидлсборо

17:00 Вест Хем – Бурнемут.

 

Моментално лидер на табелата е Манчестер Јунајтед со шест бодови и натпревар повеќе пред Ливерпул, Челзи, Манчестер Сити, Хал, ВБА и Свонси кои имаат по три бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top