| четврток, 6 декември 2018 |

Виновен, но не доволно: Тексас ќе погуби човек за злосторство на кое не присуствувал

По 20 години поминати во затвор следната недела во Тексас ќе биде погубен Џефри Вуд и тоа поради злосторство кое не го направил.

Вуд учествувал во грабеж на продавница во моментот кога неговиот партнер ја убил работничката на каса, а Вуд дури не бил присутен кога се случило убиството.

Според вештачењата тој има интелигенција на дете, а на 24 август ќе ја прими смртоносната инјекција. Тој е осуден според Законот за учество во злосторство, според кој секој учесник во криминална активност која ќе заврши со смртен исход се смета за виновен и одговорен, без оглед на неговата намера или начинот на кој учествувал во злосторството.

IMG_0061-crop-4-1024x512-2

Во јануари 1996 година, Вуд бил возач на автомобилот кој бил паркиран пред продавницата на бензинска пупма во градот Кервил. Неговиот пријател, за кого на суд тврдел дека едвај го познава, Даниел Ренау, влегол во продавницата за да ја ограби. Грабежот не бил планиран да се одигра со насилство, но Ренау ја убил работничката кога одбила да му ги предаде парите.

Според Скај њуз, Вуд наводно не знаел дека неговиот соучесник има пиштол, а кога го слушнал истрелот, влегол во продавницата и му помогнал да ги покрие надзорните камери и да го изнесе сефот со пари. Тие биле уапсени следниот ден, а Ренау бил погубен уште во 2002 година.

Адвокатите и одбраната на 43-годишниот Вуд бараат укинување на пресудата за смртна казна.

LeachWood_jpg_800x1000_q100

-Никогаш во САД не се случило погубување на човек кој е виновен колку што е сега Вуд. Овој случај покажува колкав проблем имаме со Законот за учество, а судот ова треба сериозно да го разгледа, вели адвокатката Кејт Блек.

Инаку, Тексас е лидер по бројот на погубувања во САД, а во судот се обраќале и цркви, како и ќерката на Вуд, кои барале да му се укине смртната казна.

-Тој е виновен, но неговото злосторство не е доволно големо за смртоносна инјекција, додала Блек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top