| четврток, 6 декември 2018 |

Болт трчаше последен пат на ОИ и испиша нова историја (видео)

Најбрзиот човек на планетата, Јамајканецот Јусеин Болт ја истрча и последната негова трка на ОИ и успеа да стигне до третото злато во Рио.

ОИ Пекинг 2008
– злато на 100м / злато на 200м / злато на 4х100м

ОИ Лондон 2012
– злато на 100м / злато на 200м / злато на 4х100м

ОИ Рио 2016
– злато на 100м / злато на 200м / злато на 4х100м

usain-bolt-2-rio2016

Јусеин Болт влезе во историјата на атлетиката како единствен атлетичар кој три пати по ред успеал да освои златен медал во спомнатите три дисциплини, а последната ја освои денес на штафетата 4х100м.

Ова беше деветиот златен медал за Болт на Олимпијадите, со што го стигна легендарниот Карл Луис кој има исто толку. Сепак, Јамајканецот останува во историјата како најдобар спринтер на сите времиња.

usain-bolt-3-rio2016

Јамајканците беа апсолутни фаворити пред оваа трка – Асафа Пауел, Јохан Блејк, Никел Ашмеиди и Јусеин Болт денес штафетата ја истрчаа за 37:27 сек. што беше доволно за злато.

Второто место го освоија Јапонците, а трети беа Канаѓаните бидејќи Американците беа дисфалификувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top