Синоќа во Блеград семејството Живоиновиќ, на славниот југословенски тенисер Боба и на фолк-пејачката Лепа Брена, организира голема забава по повод роденденот на најстариот од браќата Живоиновиќ, Филип, кој е син на Боба и посинок на Брена.
За идиличниот односи меѓу пејачката и нејзиниот посинок многу се пишува, особено во последно време откако тој е во врска со нејзината колешка Александра Пријовиќ.
Но, исто така, не е тајна дека Боба е во добри односи и со биолошката мајка на Филип, Зорица, која и синоќа беше дел од големата забава организирана во чест на нејзиниот син Филип.
На фотографиите што ги објави Лепа Брена на Инстаграм двете мајки се постојано покрај славеникот и блескаат од возбуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Дејан Ангеловски, музичар: Секое место е посебно на некој свој начин, но Источна Европа е мојот омилен дел од светот
-
„Јавна соба“ слави три години постоење