Спринтерот од Јамајка Јусеин Болт го воодушеви спортскиот свет и на овие Олимписки игро. Сите трки ги заврши пред сите, а сега знаеме и зошто толку му се брзало.
Најбрзиот од најбрзите на сите времиња не престанува да доминира на трките од 100 и 200 метри. Во Рио на двете делници освои златен медал, а истото го стори и во Лондон и во Пекинг.
Сепак, омилениот Јамајканец на армија девојки изгледа има тајно оружје. Станува збор за неговата девојка Каси Бенет, која на секој начин му пружа поддршка. Затоа и многумина се шегуваат дека е брз затоа што има и каде да брза.
Таа не можеше да го сокрие воодушевувањето од првото злато на Болт во Рио, а се јави и синоќа со порака до саканиот.
This level of pride is unfathomable.
— Kasi B. (@kasi__b) August 19, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.