Меѓу најраширените суеверија е верувањето дека кршењето на огледало носи несреќа. Тоа суеверие потекнува од древни времиња кога изработката на овој предмет била многу скапа. Огледалата се правеле од ретки материјали, како што е вулканското стакло, па го имале само богатите.
Венецијски мајстори од 15 и 16 век љубоморно ја криеле тајната на занаетот, но за да може уште повеќе да ја зголемат цената на својата работа, тргнале со ширење на приказната дека тој кој ќе скрши огледало ќе биде несреќен. Сепак, ниту ова не било нивен оригинален „изум”.
Старите Римјани имале и своја теорија, верувајќи дека огледалото „ја фаќа” душата додека се гледаме во него, па кога ќе го скршиме, таа останува растурена во делчиња и треба да поминат седум години за да се обнови.
Од таа причина во некои краишта постои обичај да се покриваат огледалата и стаклата во домот кога некој ќе умре, за да може душата непречено да си оди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


