| четврток, 6 декември 2018 |

Грција не се откажува од воената отштета од Германија

port germanija

Германската Влада денеска го отфрли најновото барање на Грција за воена отштета поради нацистичката окупација во Втора светска војна.

Портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт истакна дека „ситуацијата е целосно јасна“, како и оти „Берлин повеќепати го соопштил ставот за прашањето за воена отштета“.

– Прашањето за германската воена отштета е завршено и правно и политички, наведе Зајберт.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторникот вети дека „ќе ги исцрпи сите економски, а по потреба и правни средства, за да ја обезбеди воената отштета“. Тој апелираше до Германија да почне преговори за тоа прашање.

Грчкиот парламентарен одбор неодамна подготви извештај за воената отштета, чиј вкупен долг изнесува од 300 до 400 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top