| четврток, 6 декември 2018 |

Брутална и измамена: Невеста ја продава венчаницата, по огласот цената ѝ скокнала 33 пати

Venčanica
Да ја пронајдеш љубовта на живото и во неа да се вљубиш до уши е најубавиот сон што го сонуваат сите млади. На многумина им се остварува, но кај некои знае и да пукне, како сонот на Саманта Враг од Велика Британија.
 Саманта се омажила за човекот од соништата или барем така си мислела. Набрзо по венчавката ѝ ставиле точка на љубовта, а таа решил да ја продаде венчаницата на Ибеј, а описот под фотографијата е толку брутален што го направи фустанот екстрапопуларен.

„Пред облекување фустанот треба да се однесе на хемиско чистење за да се ослободи од смрдеата на измамата. Ако сакате фустан полн со лоши спомени, уништени надеѓ и соништа, тогаш овој е совршен. Не стигнав да го исперам, зашто мојот лошотилак од маж брзо-брзо му стави крај на нашиот брак“, напишала Британката, а пренесува „Машабл“.

Цената по која го огласила фустанот изнесувала околу 2.000 фунти, но на Ибеј засега порасна 33 пати и изнесува околу 66.000 фунти, колку да ги покрие трошоците за развод.

„Ако имате прашања за фустанот или за мојот сопруг кој избега со друга жена, слободно јавете ми се“, додала Саманта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top