| четврток, 6 декември 2018 |

Јавноста збесна: „Скржав премиер, му даде само 5 долари на кутриот човек што пита“ (Видео)

Бурни рекации, гнев и поделени размислувања предизвикал австралискиот премиер Малколм Трнбул, откако се ракувал со питач, а потоа извадил и му дал банкнота од пет австралиски долари.

Овој гест на австралискиот премиер набрзо влезе во центарот на вниманието во австралиските медиуми, кои го критикувале.

Capture9

Освен тоа што го критикувале дека на бездомнкот му дал само пет долари, затоа што за него како многу богат човек тоа е исклучиво мал износ, одредени функционери го критикувале затоа што се осудил воопшто да даде пари на некој кој што пита, пренесува „БИ-БИ-СИ”.

-Со давањето пари на питач поттикнувате купување на дрога и ја поддржувате сиромаштијата како начин на живот. Наместо тоа, требало парите да ги дадете на хуманитарни организации, порача градоначалникот на Мелбурн, Роберт Дојл.

На овие критки во своја одбрана премиерот изјавил дека тоа било само една човечка реакција за која жали ако со неа некого разочарал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top