-Анѓелина, ангелу наш невин, дојдовме да ти запалиме свеќа на твојот гроб за да ти го осветлиме патот до дома, душо наша измачена. Никому зло не сме направиле, никому ништо не должиме, крвникот сосед, за несреќа го примиве дома и му помагавме. За 40 дена, 40 ножеви би му забила во срцето – вака нарекувала на гробиштата во село Вратарница кај Заечар, Душанка Стефановиќ, баба на убиената четиригодишна Анѓела Стефановиќ.
Малата Анѓела беше жртва на соседот Владица Рајковиќ(28) кој на 10 јули, ја одвел од роденденска прослава од куќата на братот Перица, силувал и брутално ја убил.
-Да знаев што напрвил би го задавил со голи раце. Сега ми е криво што не им дозволив на луѓето од потерата кои го бараа, да го линчуваат. Имаше среќа што мојата сестра повика полиција, па го спаси. Го видов во полиција на сослушувањето, беше безгрижен, како ништо да не случило, скоро потпевнуваше- рекол Далибор Стефанвоиќ, вујко на убиената Анѓела.
-Подготвив слатки да понесам на гробот на мојата медена пеперутка. Мачно ми е кога ќе влезам во дворот, а не ме дочекува нејзининото весело црцорење. Мојата сопруга Душанка ми вели дека Анѓела го почувствувала крајот кога пред убиството рекла дека неа ќе ја нема и дека мајка и ќе плаче по неа. Беше бистро дете, но да каже такво нешто не е објасниво- рекол Живорад, дедото на Анѓела.
Мајката Даниела Стефановиќ, скршена од болка, нервозно ги бришела солзите од лицето.
-Разговарам со неа во сон, и плеатам кики, ја гледам како игра со децата, а кога ќе се обидам да ја фатам за рацете, неа ја нема. Сушнав дека злотворот наводно барал да разговара со некого од нас. Да можам би му ги ископала очите. Не треба да му судат, јас ќе му пресудам – рекла мајката Даниела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред 18 години е убиен додека пополнувал тикет – Аркан секогаш бил во срцето на Цеца, а ова е неговата последна фотографија!
-
Ангела Даиловска е новото име на естрадата: „Јас не сум ти“ е нејзина прва песна (видео)
-
„Бабо, ќе плачеш поради мене! Ќе ме нема повеќе!“ – последните зборови на Анѓела постојано ми се в глава!
-
Срам и неверување на 40-дневниот помен на актерот Манда