| четврток, 6 декември 2018 |

Ангела Даиловска е новото име на естрадата: „Јас не сум ти“ е нејзина прва песна (видео)

Факт е дека на македонската музичка естрада и недостигаат нови таленти кои ќе ја разбудат и така заспаната сцена.
Младата Ангела Даиловска е токму една од новите музички надежи која ветува многу. Таа пред неколку дена ја објави својата прва песна која носи наслов „Јас не сум ти“, а коментарите се и повеќе од позитивни.
Станува збор за песна на на Гоце Симоновски кој ја направи музиката и арнажманот, додека текстот дело на Роберт Матовски.
Песната веќе се слуша на повеќето радиостаници во земјава, а Ангела вели дека ова е само почеток.
– Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката и повеќето ќе се пронајдат во неа. Ова е моја прва песна, но ќе продолжам да творам и понатаму. Сакам да сум на естрадата, сакам да пеам, да имам своја публика – вели младата Ангела.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top