Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ пред 18 години го изгуби сопругот и таткото на своите деца, Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Жељко е убиен во Интерконтинентал на 15 јануари 2000 година, местото каде најмногу сакал да ги минува саботите, каде што се оженил, каде што ја основал партијата. Хотелот му бил како втора куќа.
По повод годишнината од неговата смрт, Цеца на Инстаграм објави фотографија од Аркан во војна униформа, со тажни расплакани емоткони.
Пејачката денекса ќе одржи помен на убиениот сопруг, кој со двајца пријатели Миленко Мандиќ Манда и Драган Гариќ убиен е во Интерконтинентал пред 18 години.
За потестување, пре влезот во хотелот, Аркан го сретнал својот стар пријател Миленко Мандиќ. Проверената приказна вели дека покојните Ражнатовиќ и Мандиќ на кобниот 15 јануари во хотелското сепаре, пополнувале тикет од спортска прогноза.
Мандиќ наводно, половина час пред пукањето тргнал до кладилница да уплати ливче, но наишол негов познаник и му понудил да го заврши тоа наместо него. За несреќа Мандиќ се согласил познаникот да го одмени.
А ова е последната фотографија на која Аркан е жив, непосредно пред убиството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.