Затвореникот од Русија, Олег Тапалов, кој е осуден за двојно убиство, успеал да побегне од затвор во Москва кој важи за еден од најмаксимално обезбедените затвори во земјата.
Верувале или не, тој со помош на лажица успеал да направи дупка во таванот на неговата ќелија.
Претставници на безбедносните агенции во Русија изјавија дека лажицата била единствено оружје кое може да се употреби за копање на дупката, а затворскиот персонал си доби обвинение за „нечесно и несовесно извршување на должноста, што ја искористи затвореникот Топалов“.
Тој затворската ќелија ја делел со уште седум осудени лица, а обвинет е поради убиство на две лица и шверц со оружје.
Триесет и тригодишниот Топалов е четвртиот затвореник во изминатите две децении кои успеале да побегнат од затворот „Матроскаја тишина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


