Силно невреме со обилни дождови вчера погоди неколку градови во западна Србија, а најмогу штета направило на подрачјето кај Косјериќ и Пожега. Претседателот на општината Косјериќ, Милан Стојаниќ, изјавил дека синоќа поплавени биле и повеќе куќи.
– Водата влегла во домовите на жителите, во подрумите, а и улиците се поплавени. Пожарникарите со пупми ги празнат подрумите на најпогодените жители. Во скоро сите села на територијата на Косјериќ се оштетени и локалните патишта, изјавил Стојановиќ.
Косјериќ последните неколку месеци повеќе пати го погодиле елемантарни незгоди, поради што во некои населени места таму, уште од март е проглсена вонредна состојба.
Силното невреме и обилните дождови вчера го погодиле и Ужице, кога ги поплавиле улиците во градот. Силниот дожд почнал да паѓа околу 17 часот, а фотографиите и видео снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат колку било силно невремето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)