| четврток, 6 декември 2018 |

Обилни дождови и невреме и денеска попладне

Невреме со обилни врнежи од дожд, грмотевици дури и град ни најавуваат за денеска попладне метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи.

„Променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремени врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 25л/м2), ќе имаат пороен карактер и проследени со грмежи. Локално ќе има појава на невреме со појава на град и засилен ветер.

Температурата ќе се движи од 18 до 25 степени“, се вели во информацијата од УХМР.

Слично време со дожд не’ очекува и до крајот на неделава.

„Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престануваат. Во петок ќе има преодно стабилизирање, а од сабота попладне повторно ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи“, велат од УХМР.

Температурите ќе се движат од 23 до 29 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top