| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарките Лејно и Лакрабер ќе играат во финалето во Рио откако Франција славеше над Холандија

francija

Францускиот тим за кој настапуваат две ракометарки на Вардар, Амандин Лејно и новото засилување Александар Лакрабер, плус Дембеле и Пино кои доскоро беа во „црвено-црно“ ќе се бори за титулата со подобриот од пресметката на фаворизираните Русија и Норвешка.

Франција предводена од Лакрабер (5 гола во првиот дел), стигна до водство од 17:13 на полувреме и се чинеше дека работата е завршена. Но, во вториот дел се играше многу повнимателно, со подобри одбрани и помалку голови. Холандија се доближи на 22:23 на само осум минути до крајот.

Франција веднаш зголеми, а по тоа до 60 минута беше постигнат само еден гол и тоа во мрежата на Лејно. Во последната минута беше 24:23 за Франција, што се покажа и како конечен резултат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top