Хрватскиот тенисер Борна Чориќ приреди сензација на Мастерс турнирот во Синсинати победувајќи го Рафаел Надал. Во мечот од осминафиналето на турнирот Хрватот го елиминира Надал во два сета со 6-1, 6-4, и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на турнирот. Во четвртфиналето, Чориќ го чека победникот од дуелот меѓу Томаш Бердих и Марин Чилиќ.
Претходно, изненадување во Синсинати приреди и Бугаринот Глигор Димитров кој го исфрли од игра вториот носител, Станислав Вавринка со 6-4, 6-4. За Димитров ова е четврта победа во шест меча против Вавринка.
За победата против Швајцарецот на 25-годишниот Димитров му беа потребни еден час и 22 минути игра во кои тој запиша пет аса и четири двојни сервис грешки.
Во следниот дуел во четвртфиналето на турнирот во Синсинати, Димитров ќе игра против поуспешниот од дуелот меѓу Французиниот Жо Вилфред Цонга и Американецот Стив Џонсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.