| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство поради сендвич – Американец уби пријателка поради глад

 

јаде

Судот во Њујорк дееска осуди на 22 години затвор маж кој од огнено оружје ја убил пријателката бидејќи го изела остатокот на неговиот сендвич, пишуваат американските медиуми.

Во соопштението на државниот обвинител се наведува дека 34 годишниот Маркус Готчи е осуден за убиството на 28 годишната Џасмин Армур. Обвинителството тврди дека Готчи и Армур во февруари  2011 година пиеле цела ноќ, а потоа се вратиле во куќата на Готчи во Бафало. Меѓу нив почнала караница кога таа почнала да го јаде неговиот сендвич.

Готчи ја грабнал пушката и ја погодил Армурова во грбот, додека се обидувала да побегне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top