Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција ги зацврстува врските со Русија, бидејќи Северноатланската алијанса(НАТО)одбива во целост да соработува со Анкара.
Тој најави поголема војна соработка со Русија.
Како што вели, Анкара е вознемирена поради недостатокот на волја во НАТО за соработка со Турција, која е нејзина членка.
-Изгледа дека членките на НАТО избегнуваат разговори за размена на технологијата и заедничките инвестиции. Турција има намера да ја развива својата одбрамбена индустрија и да го зајакне својот одбрамбен систем. Доколку е Русија заинтересирана, ние сме подготвени за можна соработка – рекол тој за Спутник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО