| четврток, 6 декември 2018 |

Ајкулата од Трст не си заминува – насукана на плажата сее страв (ВИДЕО)

Ајкулата која предизвика паника во Трст и натаму сее страв меѓу капачите. Капењето е забрането, а крајбрежната стража се занимава со утврдување на движењето на големиот морски ѕвер.

Спасувачите во Трст имаат полни раце работа за да ги спречат капачите да влезат во вода, во време кога е забележана опасна ајкула долга речиси два метри.

Тоа што уште повеќе заплашува е тоа што не е првпат оваа година ајкула да биде забележана во Италија.
Пред само неколку дена ајкула ги исплаши капачите на Сицилија. Сепак, снимката која најмногу плаши е минатогодишното видео во кое ајкула се појави меѓу капачите.

Тие што ја видоа во Трст пред неколку дена, тврдат дека ги потсетила на снимката од минатата година, која настана во друго италијанско место, затоа што била на иста оддалеченост од нив како што таа ајкула била оддалечена од снимателите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top