| четврток, 6 декември 2018 |

Паника на небо: Се запалил моторот на авионот на „Катар ервејс“ (видео)

Се запалил моторот на авионот на „Катар ервејс“, по што авионот морал принудно да слета на истанбулскиот аеродром.

Авионот требало да лета за Доха, но поради пожарот кој избувнал кај левиот мотор, морал да се врати назад, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Според првичните информации, авионот сосема безбедно се вратил назад на истанбулскиот аеродром и никој од патниците не е повреден. Сепак, запалениот мотор предизвикал паника, како во авионот, па така и во контролната кула на аеродромот во Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top