| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ја одбележува победата над фашизмот

Франција со бројни свечености денеска ја одбележува 68-та годишнина од победата на сојузниците над нацистичка Германија, која потпишаа капитулација на 8 мај 1945 во францускиот град Ренс, јави допсиникот на МИА од Париз.

_47805577_flypast2766afp

Главната свеченост се одржа под Тримфалната порта на Елисејските полиња во Париз, во присуство на претседателите на Франција и Полска, Франсоа Оланд и Бронислав Коморовски.

tomb-of-Unknown-Soldier-Arc-de-Triomphe-Paris-CC-Flickr-leoglenn_g

По воените свечености и интонирањето на химните на двете земји, двајцата пртетседатели положија венци цвеќе на гробот на Марија Кири-Склодовска на Пантеон, како и на гробовите на Жан Моне и Жан Мулен.

Годинашниве свечености во Франција се одвиваат во тешка политичка и економска клима. Претседателот Оланд е со рекордна непопуларнст, и се повеќе ја губи довербата кај симпатизерите на левицата. Во него сега доверба имаат само 25 отсто од Французите.

Во интервјуто за „Пари Мач“, Оланд најави можна реконструкција на француската Влада, нагласувајќи дека никој од министрите „не е заштитен“.

Во истото интервју, францускиот претседател рече дека „денес Французите очекуваат резултати“, па затоа владиниот тим, кој брои 37 члена, „треба да има резултати во борбата против невработеноста, во станбената политика, поторошувачката, образованието и местото на Франција во светот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top