| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетиката има нова спринтерска кралица: Лејни Томпсон со второ злато во Рио (видео)

Јамајската спринтерка Лејни Томпсон прерасна во атлетска кралица на Олимписките игри во Рио да Жанеиро. По златниот медал на 100 метри, таа беше супериорна и на двојно подолгата патека и заслужено го освои и вториот златен медал на ОИ на 200 метри со време од 21.78 секунди.

Во финалната трка, Томпсон ја победи актуелната светска првенка Дафне Шиперс од Холандија, која заостана за 10 стотинки. На третото место заврши Американката Тори Боуви, со време од 22.15 секунди.

24-годишната Томпсон се надоврза на успесите на својот колега од репрезентацијата на Јамајка, Јусеин Болт, и ги обедини двата златни медали на најбрзите трки. Сега останува да видиме дали Јамајчанецот ќе одговори во иста мера во финалето на 200 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top