| четврток, 6 декември 2018 |

Знаменосецот Бјелецки им врати мило за драго на Хрватите, со 12 гола ја однесе Полска во полуфиналето

Свежи се сеќавањата на полските ракометари по дебаклот на нивната репрезентација против Хрватска во Краков во клучниот меч од главната групна фаза на последното Европско првенство во јануари оваа година. Но, тогаш на полската клупа седеше Биглер, а сега е Душебаев и реприза не ни можеше да се очекува. Полска му се реваншираше на хрватскиот тим за тој пораз и со победата од 27-30 (14-18) обезбеди полуфинале на Олимписките игри во Рио. Вонсериска партија одигра Карол Биелецки со 12 постигнати гола и голманот Вишомирски со 15 интервенции.

Четвртфиналето започна со игра гол за гол и цели 10 минути без ниту една интервенција на голманите. Во таква игра Хрватите први отидоа на +2, но тогаш настана првиот нивни „блек-аут“. При 11-9 за „коцкестите“ полската селекција направи серија 5-0, предводени од знаменосецот на полските олимпијци во Рио, Карел Бјелецки, кој целосно ја фрустрира одбраната на Бабиќ. Полека се разбрани и Вишомирски и со многу леснотија Полска го реши првиот дел во своја полза (14-18).

polska 1

Со истото темпо започна вториот дел, само што голманот на Лемго, Вишомирски бранеше со 50 проценти успешност и Полска одржуваше 3-4 гола разлика. Сепак Хрватите одиграа подобра одбраната, Степанчиќ нанижа голови во серија и Хрватска на 12 минути до крајот дојде до -1. Откако Штрлек погоди на празен гол на осум минути до крајот резултатот пак беше израмнет (23-23).

hrvatska

При 26-26 Степанчиќ беше исклучен, а Биелецки со 12. гол во мечот ја врати Полска во водство. Гојун заработи црвен картон заради удар во лицето врз Биелецки и Сипржак погоди за +2. Хрватите влегоа во паника и Јахлевски ја потврди победа од 27-30.

Најефикасни во хрватската репрезентација беа Степанчиќ и Чупиќ со по 7 гола, а кај Полска блескаше Биелецки со 12 гола, а се истакнаа и Лијевски со 7 гола и Вишомирски на голот со 15 интервенции.

Во полуфиналето Полска ќе се сретне со Данска, а второто полуфинале го сочинуваат Франција и Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top