Јамајчанецот и најбрз човек на планетата Јусеин Болт го истрча своето најдобро сезонско време од 19.78 секунди и се пласира во финалето на 200 метри. Во потрага по осмиот златен медал на ОИ и одбрана на титулата од пред четири години, јамајканскиот спринтер лесно стигна до ново финале, каде што изостанаа неколку големи имиња.
Изненадување во полуфиналето беше елиминацијата на најголемиот ривал на Болт, Џастин Гетлин, кој со време од 20.13 не успеа да обезбеди пласман во финалето. Исто така, во финалната трка нема да го гледаме и сребрениот од пред четири години, Јохан Блејк, кој истрча разочарувачки 20.37. Сега, Американецот Ле Шон Мерит ќе биде најголемата закана за Болт, кој го има најбрзото време оваа сезона со 19.74 секунди.
Bolt told him ” you didn’t slow down like you were supposed to” 😂😂 finals tomorrow 😁😁 pic.twitter.com/F8ryDUNIFV
— kennedy . (@pvmpin) August 18, 2016
За финалето Јусаин најави спектакл и можност да се урне рекордот, па дури и да истрча под границата од 19 секунди. 29-годишниот спринтер од Јамајка останува најголем фаворит за одбрана на титулата во финалето, кое ќе се одржи вечерва со почеток од 21.30 часот по локално време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)