Арпад Сабо, кој во неделата вечер ги уби сопругата Славица и четиримесечната ќерка, изјавил во полиција дека не се кае што ги убил зашто се сомневал дека сопругата го изневерува и дека девојчето не е негово.
-Откако е родена, се сомневам дали е моја. Таа тврдеше дека никогаш не ме изневерила, но во мојата глава имаше лудило. Знаев дека само мене ме сака, но сега веќе нема да ме сака. Не ми е жал што ја убив. А ни детето, нека е со неа, и онака цело време виеја заедно – рекол ладнокрвно осомничениот во полиција, пренесува доброупатен извор.
Сабо изјавил дека најмногу го иритирало што Славица не се спротивставувала и плачела додека ја тепал. Затоа од раце и нозе преминал на нож.
-Земав нож и ја сечкав за да ја гледам како плаче. Ја бодев до бесвест, сѐ додека не ѝ го пресеков гркланот. Кога видов што сум направил, решив истото да му го направам и на бебето кое спиеше во креветчето – рекол монструмот.
Меѓутоа, осомничениот на сослушувањето во Обвинителството се бранел со молчење. Одреден му е притивор од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка