| четврток, 6 декември 2018 |

Сега Манда може да почива во мир: Бјелогрлиќ покажа дека е вистински кум и го реши најголемиот проблем на неговото семејство

Milorad-Mandic-Manda-Dragan-Bjelogrlic-620x350

Сознанијата за проблемите кои веќе починатиот актер Драган Мандиќ – Манда и неговото семејство ги имале, предизвикаа револт и горчина кај целата балканска јавност, но одговорноста да му помогне на својот кум и близок пријател најмногу ја преземал актерот Драган Бјелогрлиќ. Токму тој го покрил кредиот од околу 86 илјади евра со чија исплата се мачел Манда и неговата фамилија, пишува српски „Телеграф“.

– Бјелогрлиќ докажа дека е вистински кум и пријател. Од моментот кога Манда почина, преку погребите и сѐ што следеште по тоа, тој покажа дека е голем човек. Без никаква помпа, без да сака да привлече винимание, му тргна голема грижа на семејството кое сѐ уште не може да најде утеха по смртта на нивниот најблизок – раскажал извор близок до Бјелогрлиќ.

Соговорниот открил дека на негово инсистирање проблемот да се реши, пријателите се здружиле, но сепак тој бил најзаслужен за исплаќањето на долгот.

Манда беше еден од 22.000 граѓани кои мака мачат поради кредит подигнат во швајцарски франци, а главницата на неговиот долг, од почетните 79.000 евра, пораснала на 86.000, а со тоа значително пораснала и ратата. Колку тежок товар носат луѓето кои се мачат со истиот проблем, докажува податокот дека овие кредите се отплаќаат по 20-30 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top