Актерот и режисер Драган Бјелоглиќ е омилен во своето родно место, Баранда кое е негова слабост. Секое лето го минува таму, а и нема сосед кому не му дал, барем мала, улога во своите филмови. Екипата на српски Блиц го посетила родното место на Бјелоглиќ кој е еден од омилените на целата поранешна Ју публика уште од првото појавување на екраните. Соговорник им била и бабата Меланија, прва сосетка на семејството Бјелогрлиќ.
– Го познавам од малечок. Отсекогаш бил многу фино момче. Драган е жив, енергичен, а брат му Горан од дете беше поповлечен, но и двајцата сакаа да се пошегуваат со луѓето. Мајка им е многу фина, чесна жена, Нада. Прекрасни соседи, вели бабата Меланија.
Но, освен на убаво, баба Меланија е сведок и на трагедија во семејството. Неговиот татко починал кога тој имал 18 години и оттогаш Драган самиот се борел во животот.
Дедо му бил опинчар, не можел многу да им обезбеди на матурантот Драган и на неговиот помал брат. Мајка им била покрај нив, па можеби и затоа на Драган му било лесно да не се откаже од школувањето. Драган запишал прво градежен факултет, зашто тоа била желбата на неговиот покоен татко, но набрзо се откажал од градежништвото и ѝ се посветил на глумата.
– Татко ми, за жал, почина кога бев пред матура. Еден од последните разговори што ги паметам со него додека лежеше на постела беше токму тој дека треба да се занимавам со сериозни работи во животот, а тоа потсвесно влијаеше да изберам градежништво. Но, сфатив набрзо дека тоа не е за мене. Мајка ми и брат ми ме поддржаа, иако се гледаше дека се плашат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.