| четврток, 6 декември 2018 |

Усвоена Нацрт-методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја усвои Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.

Со цел да се обезбеди максимална транспарентност на процесот на усвојување на документот во финална верзија, како и да се даде можност на сите релевантни субјекти да се вклучат во јавната расправа и преку отворена дебата да дадат свој придонес, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека на 23 август во 12 часот ќе организира состанок на кој ќе ја презентира Нацрт-методологијата.

– Агенцијата упати повик до сите радиодифузери, политички партии, здруженија на новинари да земат активно учество на овој состанок и да ги искажат своите предлози, мислења и ставови, поврзани со текстот на Нацрт-методологијата, стои во соопштението од ААгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top