Од олимискиот тениски турнир Хуан Мартин Дел Потро се враќа во топ форма и пред него се големи предизвици и како што се движи неговиот кам-бек и многу задоволства.
Поради големата пауза која ја имаше поради операцијата на раката, Аргентинецот падна на 141. позиција на АТП листата и треба да игра квалификации за УС Опен.
Сепак организаторите му доделија вајлд карта, па Дел Потро ќе започне директно на главниот турнир и ќе се бори за својот втор Грен слем во кариерата, откако токму во Њујорк го освои својот единствен трофеј од големите турнири. Дел Порто денес пристигна во Буенос Аирес и беше пречекан како апсолутен херој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.