| четврток, 6 декември 2018 |

Агентот на Погба и Ибрахимовиќ по успешните трансфери ја купи вилата на Ал Капоне

Мино Рајола, агентот на Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ за 8 милиони евра купил вила во Мајами која претходно му припаѓала на озогласениот мафијаш Ал Капоне.

Италијанецот ова лето лето имаше полни раце работа, најпрво војуваше со Борусија Дортмунд за да го пресели Хенрих Мхитарјан на Олд Трафорд, потоа во Манчестер јунајтед го однесе и Златан Ибрахимовиќ, а на крајот, по неколу месечни преговори, на Олд Трафорд го врати Пол Погба во рекорден трансфер вреден 110 милиони евра.

Се верува дека тој инкасирал 50 милиони евра овој преоден рок (само 25 милиони евра од трансферот на Пол Погба).

Па, по успешното лето, Мино Рајола решил да се почасти и за 8 милиони евра купил вила во Мајами која претходно му припаѓала на Ал Капоне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top