| четврток, 6 декември 2018 |

Фергусон заминува во пензија

Сер Алекс Фергусон ќе замине во пензија по завршувањето на оваа сезона, и нема повеќе да биде тренер на тимот, но останува во Манчестер јунајтед како директор и амбасадор на „црвените ѓаволи“.

Раководството на Манчестер јунајтед мораше да ја објави информацијата, бидејќи акциите на клубот котираат на њујоршката берза, па секоја значајна промена може да влијае на нивната цена и мора да се објави.

Следниот викенд за разделба Фергусон и Манчестер ќе ја прослават јубилејната 20. титула, а ерата на Алекс е уверливо најдобрата во историјата на тимот. Пристигна во 1986 година на „Олд Трафорд“ и оттогаш освои 13 трофеи во Премиерлигата, а патем уште многу титули ја збогатија колекцијата на „црвените ѓаволи“.

Обложувалниците во Англија веднаш понудија коефициенти за тоа кој ќе биде наследник на Фергусон на клупата на шампионот. Главен фаворит според нив е Дејвид Мојс од Евертон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top