Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел на група неонацисти во германскиот град Салцгитер им покажал непристоен гест со раката, што во јавноста главно беше поздравено, но од некои доби и критики. Инцидентот се случил во петокот, но видео снимката, на која се гледа како Габриел им го покажува средниот прст, беше објавена синоќа, пренесоа американските медиуми.
На снимката се гледа како десетина десничари држат транспарент на кој ја обвинуваат германската канцеларка Ангела Меркел „за предавство на својата раса“ и го фалат починатиот татко на Габриел, кој бил нацист. Габриел, шеф на СДП, партија на левиот центар, прво им се насмеал на демонстрантите, а потоа им го покажал средниот прст и се завртел.
Додека на социјалните медиуми некои го осудија неговиот гест, многумина и го пофалија, а еден корисник на Фејсбук искоментира: „Би сакал да можев ова да го лајкнам повеќе пати“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.