Македонска пошта од утре до 31 август годинава ги отвора своите единици на поштенска мрежа за собирање хуманитарна помош за настраданите подрачја во скопскиот регион.
Помошта во конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за лична хигиена и дезинфекција, хуманите граѓани може да ја остават во било која поштенска единица на Македонска пошта на целата територија на Република Македонија, се вели во денешното соопштение од Македонски пошти.
Оттаму посочуваат дека дистрибуцијата на хуманитарната помош ќе се изврши во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кривична за 40-годишна скопјанка: Излажала пет штипјанки дека ќе ги вработи во пошта, им украла 1 500 евра
-
Одбележан Меѓународниот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
-
Црвениот крст на Скопје ќе изведе симулација на поплава
-
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода со хуманитарна помош за семејството Христови од Припор