| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за 40-годишна скопјанка: Излажала пет штипјанки дека ќе ги вработи во пошта, им украла 1 500 евра

Петмина штипјанки останале без пари и работни места, откако биле измамени од скопјанка која им ветила дека ќе ги вработи во Македонски Пошти како шалтерски работнички.

40 – годишната измамничка, која лажно се преставила како раководител на сектор во Македонски Пошти, од жртвите успеала да извлече 1 500 евра.

– Пријавената во периодот од Декември 2016 до Август 2017 година со намера да се стекне со противправна имотна корист, довела во заблуда пет лица од Штип, со лажно ветување дека ќе ги вработи како шалтерски работнички во нова Филијала на Македонски Пошти, што ќе се отвори во рамките на штипскиот Универзитет. Пред измамените се преставувала како раководител на сектор од Македонски Пошти. За вадење на потребните документи за вработувања од измамените им зела вкупно 93 илјади денари, изјави Гордана Панајотова – портпарол во СВР Штип.

Измамата е откриена , откако една од несудените поштенски работнички, се распрашала во Ректоратот на Универзитетот кога ќе биде отворена Филијалата на Македонски Пошти. По пријава на измамените, скопјанката заработи кривична пријава за сторено дело измама поради сторени соодветни пет кривични дела…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top