Функционерите и активистите на СДСМ изминативе 10 дена покажаа целосна негрижа и несолидарност кон граѓаните кои беа зафатени од катастрофалното невреме кое со себе зеде и жртви.
Додека Македонија е на нозе по големите поплави, властите на терен деноноќно ја набљудуваат состојбата и превземаат мерки, а граѓаните масовно се сплотија во хуманост, СДСМ единствено се обидува да профитира од оваа голема несреќа.
Активистите на СДСМ кои се платени од Сорос наместо да им помагаат на сограѓаните, изминатата недела ја поминаа на трибини во Косово, а фрлаа боја во Битола.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се појави во поплавените подрачја за да позира пред камерите. Жителите од Стајковци коментираат дека членови на СДСМ постојано на терен се обидуваат да внесат политика во оваа катастрофална ситуација, кажувајќи како за секоја работа прават поделби на граѓаните кој од која партија бил, но и дека постојано “пребацуваат“ на луѓето кои заедно со војската, волонтерите и лицата од комуналните претпријатија си ги чистат своите уништени домови. Поделби според партиска линија на граѓаните Заев и СДСМ правеле и при посетите на домовите каде се посетувале исклучиво дворовите и домовите на членовите на СДСМ.
Освен што се сликаа, праќаа и луѓе да свиркаат и провоцираат инциденти.
Медиумите веќе пишуваа и објавуваа фотографии со функционерите на СДСМ кои во кризните региони доаѓаат со желба само да направат што е можно поголем број на фотографии за ФБ со неколку партиски членови и веднаш потоа со своите скапи коли да заминат од кризните региони. За јавноста ваквото однесување на СДСМ кон овие катастрофални поплави и огромни штети кои се случија во државата, претставува страшно лицемерие како кон жителите од местата погодени од поплавите така и кон целата јавност во државата.
Но, Заев најде време за забава и релаксација. Тој организираше дружба со Аца Лукас и уживаше во гласна целовечерна фолк музика. Се фотографираше со млади струмичанки чекајќи да започнат настапите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)