Влад Лунгу и неговите другари ставиле фантомки на главите, ја извлекле преплашената Александра од кола и ја легнале со лицето на земја, а сиот овој стрес само за да може да ја побара за жена.
Престрашената Александра мислела дека оди да се провози со Влад во градот Брасов во централна Романија.
Тројца негови другари облечени како полицајци со фантомки на главите ги чекале покрај лажно полициско комби. Го запреле автомобилот на Влад и рекле дека мора да извршат претрес.
Александра била извлечена од колата и легната на асфалтот. Еден од „полицајците“ почнал да вика: „Го знаеш ли овој човек? Знаеш ли што има во багажникот?!“
Девојката изгледа збунето и уплашено и цело време молчи. Конечно, „полицаецот“ ја грабнува за врат и ја носи зад автомобилот, наводно за да погледне во отворениот багажник.
Но, зад автомобилот ја чека Влад, клекнат на колена и со прстен во раката.
Откако таа се повратила од шокот и по неколку секунди смеење, Влад ја прашува „Ќе се омажиш за мене?“, на што таа кима со главата и тивко вели: „Да“.
Двојката сега си ја планира свадбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)