Челси ја отвори новата сезона со триумф на дуелот со Вест Хем со (2-1) на вечерашниот натпревар одигран на „Стемфорд бриџ“, благодарение на погодокот на Диего Коста во 89. мнута од натпреварот.
Во првото полувреме фановите не видоа атрактивен фудбал, Челси имаше поголем посед на топката од Вест Хем, но тоа не резултираше со погодок во првиот дел.
Во второто полувреме белгискиот репрезентативец Еден Азар погоди од белата точка во 47. минута. Влегувањето на Дмитри Паје во Вест Хем, ја раздвижи играта на неговиот тим, што резултираше со погодок на Колинс во 77. минута од дуелот.
Во 89. минута од натпреварот, во листата на стрелците се запиша и Диего Коста, кој одлично ја искористи асистенцијата на Батшуаји и ја претвори во погодок и победа на Челси, на дебитантскиот натпревар на Антонио Конте на столчето на „сините“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)