| четврток, 6 декември 2018 |

Живееме во Бонд-време: И тетоважите станаа паметни (ВИДЕО)

Блиската иднина ни донесува тетоважи кои ќе бидат многу повеќе од цртеж и натпис, зашто научниците развија нов вид привремени украси за кожа, со висока технологија кои овозможуваат употреба на на паметини телефони и апликации за слични уреди.

Група докторанади на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) и на Истражувачкиот центар на Мајкрософт ги претставија тетоважите „дуоскин“. Се нанесуваат исто како и остантите привремени тетоважи, направенис е од златни ливчиња, понекогаш и од ЛЕД-светилки, а изгледаат повеќе како накит отколку како тетоважи.

Научниците велат дека тетоважите можат да се кростат за управување со паметни телефони, во работа со апликации, при испраќање податоци на други уреди, за комуникација, а можат да се користат и наместо екран.

Идејните творци ги опишуваат овие тетоважи како „кожне нараквици“. Дуоскин може да се кроисти и за прикажување информација, но и за размена на чувства преку апликацијата за двојки капл хармони.

Засега постојат три дизајни, а има и такви кои ја менуваат бојата во зависност од телесната температура. Сепак, се очекува многу повеќе да се употребува, кога ќе дојде времето, тетоважата со НФЦ технологија, која овозможува размена на информации преку допир на иконата на паметниот телефон на тетоважата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top