Шумски пожар потпомогнат од силен ветер уништи повеќе од 100 куќи во северна Калифорнија. Евакуирани се неколку илјади луѓе, а гаснењето е отежнато поради сушата и високите температури на воздухот.
Портпаролот на калифорниската Управа за шуми и заштита од пожари, Даниел Берлант, изјави дека пожарот го зафатил месотот Лоуер Лејк, на околу 130 километри северно до Сан Франциско, а уништил шума од речиси 13 квадратни километри, пренесува агенцијата АП.
Засега никој не е повреден, истакнуваат локалните влaсти.
Оганот вчера го премина автопарот и го зафати Лоуер Лејк, гратче со 1200 жители, кое се уште закрепнува од пожарот кој го зафати пред една година.
Во гратчето изгореа локалната пошта, винаријата и неколку други локали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)