Механизацијата и денеска е на терен и активно работи онаму каде што има потреба. Утрово е пробиен и патот до водоводот во скопско Винче, а багерите и булдожерите од таму се повлечени и активирани на друго место.
-Механизацијата денеска е секаде на терен. Во тие делови каде што привршуваме со работа веднаш ги повлекуваме за да го земеме целото ѓубре и да го однесеме во Дрисла, бидејќи постојано камионите се движат и прават и нови депонии во самите населени места, со дополнителна механизација веднаш ставаме се во камиони и носиме во Дрисла за да немаме дополнителна миризба и дополнителни проблеми. Секаде има механизација, постојано се работи. Ангажиравме и ноќна смена, а сега сме и во постапка на ангажирање компании со договор за тоа да трае и подолго време, бидејќи многу сериозни финансиски импликации се овие што се случуваат овие денови со механизација и благодарност до сите компании што ни излегоа во пресрет, но да бидеме осигурани дека ќе имаме и договор во наредниот период за да можеме да ги аннгажираме постојано во три смени. Тие досега работеа комбинирано во зависност од потребата. Луѓето даваат се од себе, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој денеска заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски беше во посета на пумпната станица во Таор.
Околку 50 машини ноќеска работеа во Сингелиќ и Стајковци. Активно ќе продолжи да се работи се додека има потреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)