| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватката Перковиќ: Сите од екс-ју се држиме заедно

Олимписката шампионка во фрлање диск од Лондон, Сандра Перковиќ изјави дека ќе им даде поддршка на сите спортисти од поранешна Југославија, а би сакала тоа да го направат и фановите.

– Ние тука се држиме заедно. Веќе коментирав како Босанците доаѓаат кај нас на терапија, јас одам кај Словенците, а Словенците кај Србите. Важно е да се држиме заедно, бидејќи така сме посилни и се гради позитивен дух. Многу е подобро да бидеш во друштво со наши луѓе отколку со странци. Жал ми е што се распаднавме бидејќи ќе бевме многу голема сила, посилни од Германците, Русите или Американците – вели Перковиќ.

Таа посебно зборуваше за пријателството со најдобрата српска атлетичарка, Ивана Шпановиќ.

– Се слушнавме пред да дојде тука. Се среќаваме на поголемите митинзи и едвај чекам да ја видам. Ќе навивам за неа како и секогаш, не гледам причина зошто да не го правам тоа. Моето срце е големо кога таа победува, како што е и нејзиното кога јас победувам – вели Перковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top