| четврток, 6 декември 2018 |

Левандовски: Среќен сум што повторно ќе играм со Хумелс

levandovskii humels

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски вели дека е среќен што неговиот клуб доби играч како Матс Хумелс.

– Добро е што Хумелс дојде во Баерн. Драго ми е, затоа што е голем играч за чии квалитети не треба многу да се зборува. Мислам дека со Боатенг ќе бидат одличен тандем, затоа што и добро се познаваат од германската репрезентација. Неговото присуство посебно ќе ни значи за европските натпревари – вели Левандовски.

Левандовски и Хумелс, и двајцата, во Баерн пристигнаа од Борусија Дортмунд каде претходно и тоа како успешно соработуваа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top