| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку значи што ќе ви покажат дали сте еден за друг

Можеби сте на почеток на врската и сè ви цвета или веќе сте го надминале тој период па потребна ви е поголема стабилност. Вљубени сте, но не сте најсигурни дали токму тоа е партнерот/ката со кого треба да останете засекогаш. Понекогаш не треба да правите некои големи истражувања, туку доволно е да забележите некои обични знаци кои со сигурност ќе ви покажат дека сте создадени еден за друг.

1. Имате слични интереси

Имате иста страст за некој спорт, музика, хоби. Што и да е во прашање, тоа е знак дека има нешто што и двајцата силно го сакате и ве поврзува.

2. Но, не ги сакате баш сите исти работи

Независно од тоа дали сте компатибилни или не, секој од вас би требало да ја сочува својата индивидуалност, своите интереси кои се важни за да го одржите здравиот начин на живот.

3. Си ги кажувате тајните

Дали си се доверувате за некои работи кои ги криете уште како мали или си ги кажувате скриените стравови? Способноста да му верувате на партнерот и да се чувствувате пријатно додека му ги откривате и некои срамни работи што сте ги направиле, тоа многу кажува за вашата силна врска.

4. Не можете да престанете со бакнежите и допирите

Физичката привлечност не е сè, но дефинитивно е многу важна.

5. Сакате да истражувате заедно

Без разлика дали е тоа некоја далечна дестинација или заеднички курс по готвење кој го посетувате, работите кои ги откривате и учите заедно значат дека сте способни заедно да учите и да се развивате.

6. Фер караници

Никој не е имун на караниците, но начинот на кој се одвиваат се вистински тест за врската. Ако сте во состојба заедно да дојдете заклучок, тогаш сте родени еден за друг.

7. Го сакате семејството на партнерот/ката

Ако ги сакате членовите од семејството на другата страна, тоа е знак дека сте идеален пар.

8. Ги сакате неговите/нејзините пријатели

Семејството е важно, но со пријателите поминувате повеќе време. Добивате бонус поени ако немате ништо против тоа да ја поминете вечерта со неговите пријатели, а дупли поени добива тој ако може да ја помине вечерта со вас и вашите пријателки.

9. Имате исти вредности

Судбината на вашата врска има подобри изгледи ако двајцата сакате 3 деца и 2 кучиња или ако двајцата не сакате деца, туку јахта на која ќе живеете до крајот на животот.

10. Си ги довршувате речениците еден на друг

Можеби звучи како клише, но кога двајца се познаваат толку добро, па си ги читаат мислите еден на друг, значи дека сте целосно опуштени во врската и може да бидете свои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top