| четврток, 6 декември 2018 |

Пирло: Ден денес во Јувентус му се смеат на Манчестер јунајтед

Еден од најдобрите фудбалери на средината на теренот во историјата, Италијанецот Андреа Пирло кој со право го доби прекарот „фудбалскиот Моцарт“ открива што се случило на еден тренинг во времето кога го носеше дресот на најдриот клуб од Апенините, Јувентус кога за прват се појави тинејџерот Пол Погба.

– Се сеќавам како да беше вчера. Кога се појави Погба на првиот тренинг прво се погледнавме сите меѓусебе, а потоа почнавме гласно да се смееме. Сеуште мислам дека ви Јувентус го прават тоа. не ни беше јасно како е можно Манчестер јунајтед бесплатно да пушти таков играч, тој беше најдрагиот подарок кој го доби клубот. Со него Манчестер јунајтед е прв фаворит за титулата. Погба е фудбалер што прави разлика на теренот. Мислам дека за краток период ќе ви стане јасно на сите – изјави италијанскиот „Моцарт“.

Првиот натпревар во новата сезона во Премиер лигата Манчестер јунајтед го доби со 3-1 на гостувањето кај Бурнемут. Погба го пропушти поради суспензија, но најверојатно ќе конкурира за првиот состав веќе на следниот што ќе „црвените ѓаволи“ ќе го играат в петок кога на „Олд Трафор“ ќе гостува Саутемптон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top